(BEHROUZ MEHRI/AFP/Getty Images)
(BEHROUZ MEHRI/AFP/Getty Images)
(ARIS MESSINIS/AFP/Getty Images)
За разлика од првиот, вториот 1/8 финален ден на СП беше очекувано лесен за фаворитите. Можеби и прелесен со оглед на тоа дека и Словенија и Турција без поголема мака остварија убедливи победи и обезбедија меѓусебен дуел за полуфинале кој ветува извонредна средба.
До сега на светсково посебно ме имнпресионираат Турците кои имаат скор 6-0 и конечно, после долго време покажуваат вистинска зрелост во играта, иако поголем дел од тимот се млади играчи кои се иднината на нивната репрезентација. Токму поради двајца од тој млад бран, Ерден и Ашик (и двајцата НБА дебитанти во претстојната сезона) некако не се чувствува отсуството на повредениот Окур, кој на моменти со својата заљубеност во шутот за три повеќе им штетеше на Турците отколку што им користеше. Хидо е лидер на тимот, а синоќа конечно имаше и една шутерски продуктивна партија, ако така одигра и против Словенија, ете им на Турците прв пласман во полуфинале на едно СП.
Но има време до среда која со нетрпение ја очекуваат и Словенците по газењето на Австралија. Поради одличната публика Турција ќе биде фаворит во тој дуел, но избалансираната игра и одличните плејмејкери Драгиќ и Лаковиќ можат да бидат голем проблем за Тањевиќ. Уште да им играа Лорбек и Смодиш, Словенците кој знае дали ќе можеше некој да ги сопре на патот до финалето. Но, и вака се јаки и можат да се носат со секого, а оној убедлив пораз од Америте во групата мислам дека не е вистински одраз на нивниот квалитет и нивното место на светската сцена.
Како и да е, ќе биде весело во среда, кога ќе се судрат и Србија и Шпанија. Сигурно многу поинтересно од она што ќе се дешава вечерва и утревечер во остатокот од 1/8 финалето во кое некако најмногу шмек ми има јужноамериканскиот дуел Бразил-Аргентина. Се друго ми е гола вода, а за изненадување ќе се надевам од дружината на Перо Камерон.





September 6th, 2010 at 2:19 pm
[...] This post was mentioned on Twitter by Enes Karakash, Enes Karakash. Enes Karakash said: 3/3 – 12 Џинови vs. 12 Змајчеки http://bit.ly/9MRc2q #basket10 [...]