3/3 – Ѕверот Ерсан и Шпанците изгубени во Зелената шума
Posted by Karakash on Wednesday Sep 1, 2010 Under 3/3, СП 2010Од денес па до крајот на СП ќе гледам да ставам секој ден по три најинтересни слики од она што се случувало претходната вечер. Честа да бидат први ја имаат Ерсан Илјасова, кој одигра одлична партија против Грците промовирајќи се во најдобар играч на Турција и лидер на младиот бран на Тањевиќ. Крилото на Бакси имаше 26 поени (6/6 за три) за 31 минута, а во добро светло се покажаа и новите НБА фаци Ерден и Ашик.
Во средбата која се играше во исто време, Литванците со одлична последна четвртина им го нанесоа вториот пораз на Шпанците кои барем до сега на ова СП делуваат како шпанско село. Посебно беден синоќа беше Рубио, кој никако да фати ритам сега кога на негов грб е целосно организацијата на нападот. После овој нов кикс, Шпанците не можат да бидат пласирани повисоко од 3. место во својата група, а тоа значи тежок противник уште во 1/8 финалето.





September 1st, 2010 at 2:47 pm
[...] This post was mentioned on Twitter by Enes Karakash, Enes Karakash. Enes Karakash said: 3/3 – Ѕверот Ерсан и Шпанците изгубени во Зелената шума http://bit.ly/axi8Qo #basket10 #maknba [...]