Aug 27
Мело сака трејд
Posted by Karakash on Friday Aug 27, 2010 Under Општо / РазноСега, откако самиот Кармело и неговиот менаџерски тим и соопштија на управата на Денвер дека сакаат трејд, на Нагетси е да пронајдат партнер за дил во оваа незавидна ситуација.
Според некои извори, Мело има своја листа на тимови во кои би сакал да заврши, нов тренд кој ја зафаќа цела Лига и кој очигледно, со голема помош од менаџерите, им се наметнува на играчите правејќи од нив ликови поголеми од клубовите. Што не се.
Една од тие екипи се Рокетски, кои можат да достават и солидна понуда за Мело, нешто како на пример оваа, иако јас, како фан на Хоукси би составил подобар дил за Нагетси..
Никси, Нетси, Орландо и Чикаго се спомнуваат исто така како можни варијанти.


