Бит-Пазар Лето 2010 – Вулфси му се заблагодаруваат на Леброн
Posted by Karakash on Saturday Jul 10, 2010 Under Бит Пазар Лето 2010Леброн во Мајами значеше уште една жртва на Пет Рајли. Мајк Бизли, 2. пик од пред две години е нов играч на Минесота во трејд во кој Вулфси не се откажаа од ништо повеќе од иден оик од втората рунда. Така, момакот кој никако не се снајде во Мајами и кој пред две години му беше единствен конкурент на Дерек Роуз за прв пик, има нова екипа и нова шанса да го покаже својот талент со кој и тоа како располага.
Всушност, проблемите на Бизли во првите две сезони беа од некои други причини, пред се психички. Рехабилитацијата низ која помина лани малку му помогна, но на него е сега, со Вулфси да си го најде своето место во НБА. Минесота е совршениот тим за него со оглед на младиот плеј (Флин) и младиот тандем во рекетот (Лав-Џеферсон) кој најверојатно ќе биде растурен летово, откако се потрошија на Дарк-О и го донесоа и Пековиќ.
Бизли би требал да игра на тројка и да има доволно минути и простор да го развие својот потенцијал. Доколку не успее, овој пат се ќе биде негова вина и еден ден за него ќе зборуваме за голем талент кој никогаш не станал голем играч.
А што се однесува до Минесота, ова е еден од ретките нивни паметни потези во последно време. Потег во кој не се откажаа од ништо, потег кој со себе носи минимален ризик, а може да им донесе голема награда.


