Знам, Леброн, и ние сме зачудени

Вечерва, во живо на ЕСПН ќе оди преносот од падот на најголемото домино ова лето на пазарот на слободни играчи. По Џо (Хоукс), Амари (Никс), Вејд (Мајами), Бош (Мајами) и Бузер (Чикаго), редот му дојде на Лебронтије Први Џејмс да каже, конечно, што дрес ќе носи следната сезона (покрај она што веќе го знаеме, дека ќе биде со тазе број – 6).

Со оглед на тоа дека никој од нас не знае што ќе се деси, а и со оглед на тоа што во последниве 24 часа доаѓа од САД и од луѓе блиски до Леброн, преку ноќ прва опција станал – Мајами! Ниту неговите Кавси, ниту секогаш со него поврзуваните Никси, ниту пак Нетси на милијаредорот Прокхоров и другарот на Џејмс, Џеј-Зи.

Без многу тупење, барем додека не дознаеме навистина во кој клуб ќе игра следната сезона, МакНБА ќе се труди да ги избегне сите шпекулации од кои ќе врие во последните неколку часа до ОДЛУКАТА. Едно е сигурно, а тоа е дека доколку навистина Леброн заврши во Мајами тогаш желбата за титула е она што го води напред, но и ќе мора да се прекине и со оној негов прекар кој нема врска со неговата позиција, остварувања и со НБА тронот.

Повеќе ќе ми личи него и Бош да ги викаме Miami Vice. Зошто знаеме кој е главната фаца во Мајами.

3 Responses to “Бит-Пазар Лето 2010 – Лебронтије во Мајами?!?!”

  1. Latifovich Says:

    Не е ли поубиствен триото Бузер, Роуз, Џејмс него Џејмс, Вејд, Бош… А да не зборуваме за останатите играчи.

    А со кои пари ќе му понудат договор од минимум 20 милиони по сезона?

  2. Karakash Says:

    За поубиствен – не е. Но кога ќе се додаде Ноа тогаш се добива добар квартет. Сепак, како и во Мајами, ќе бидат потребни шутери плус искусни ветерани за да функционира работава.

    А и Мајами, и Чикаго, како и Нетси и Никси имаат доволно милиони за Леброн. Исто како и Кавси.

    Ова со Мајами може само да е лажга, но тоа нема да знеме до утре сабајле. Буквално.

  3. Naum Says:

    Е ова веќе е интересно! :D Е сеа баш ми се гледа Heat!

Leave a Reply