(Photo by Christian Petersen/Getty Images)

Ако научивме нешто во овој плејоф, тоа е дека нема логика во отпишувањето на Селтикси и нивното нарекување “старци“, колку и да се труди Гарнет да го оправда тој прекар во ова финале.

Она што некој со свои скоро 35 години може да го направи, не го можат многу помлади играчи од него, ниту пак некои кои се нешто помлади и зад кои стои едно чудо ол-стар гласачи. Кога се во прашање  големите шутеви и големите партии, ретко кој му има рамен, се уште, на Реј Ален, кој со право се смета за еден од најдобрите чисти шутери во историјата на НБА. Чичо Ален синоќа тоа му го докажа на целиот свет со своите осум тројки на една финална средба за нов НБА рекорд. Оние седум во првото полувреме му беа доволни за изедначување на рекордот кој претходно го делеше со Кени Смит (1995) и Пипен (1997). Друштво, кое колку и да е добро, сепак не му доликува на шутер од типот на Ален.

И сето тоа после онаа прва партија по која  на сцена стапија истите они тврдења дека е престар, дека не може да го брка Коби и да игра напад и дека воопшто не ни играл на првата средба. Психата е чудна работа и во основа она што од голем талент ќе те претвори во голем играч и не случајно Ален се наоѓа таму каде што е во моментов и е случајни се  неговите партии како таа синоќа.

(Photo by Lisa Blumenfeld/Getty Images)

А кога Ален мораше д афати здив и кога Лејкерси се вратија во игра, фановите на Бостон му се клањаа на Раџон Рондо, момакот кој пред очите на Меџик Џонсон ни покажа како се прави трипл-дабл во една финална средба и момак кој убаци десет поени во клучната последна четвртина во која Селтикси ја украдоа предноста на домашниот терен на Лејкерси. 19 поени, 12 скокови и десет асистенции се импресивни сами по себе, па уште во финале, па против најголемиот ривал, па за победа – мерак за сите кои обожуваат зелено.

Она што одзема секако добар дел од убавината на финалето до сега се неадекватните судии кои ни во првата, а ни во втората средба не беа дораснати на предизвикот. Лично, никогаш не сакам да критикувам судии и да сметам дека тие се одговорни за конечниот исход, но сепак, тие и тоа како го расипуваат впечатокот на ова финале.

(Photo by MARK RALSTON/AFP/Getty Images)

Она што зачудува е начинот на кој се изгубени на теренот и начинот на кој не знаат да воспостават еден критериум за двата тима кој би важел во текот на сите 48 минути.  Она што во еден напад е фаул  во друг не е, па дури и кога ја имаат помошта на технологијата во свои раце, тие прават идиотски грешки. Да не зборам за глумата на некои играчи по која дуваат фаул за контакт кој никаде го немало.

Таквиот нивен однос одзема добар дел од убавината на финалево до сега, му ја одзема агресивноста на Коби во последната четвртина после 5. фаул и во основа не натера сите да веруваме дека вистинските МВП после овие две средби се судиите, што е жалосно.

А за Лејкерси е жалосно и поради тоа што не ги искористија 46 поени, 14 скокови и 13 блокади на Бајнам и Гасол. На крајот, Селтикси ја заслужија победата, колку и да беше очајно судењето, а Зенот ќе си има доста работа во пронаоѓањето начин да ги направи корисни на теренот Артест и Одом.

Сега серијата се сели во Бостон, од каде Лејкерси во финалето 2008.  год. и немаат некои убави сеќавања. Но, колку и да го фаворизира домашниот тим фактот дека игра три средби на свој терен, посебно по изедначени 1-1 во гости, никако не смее да се заборави фактот дека само два домашни тима победиле на сите три средби на свој терен при формат 2-3-2. Нормално, тоа што тоа им се случило на Лејкерси во трите гостувања во Детроит пред шест години и не е некоја утеха за нив.

Како и да е, имаме серија!

3 Responses to “Реј, Рондо и “сивата зона“”

  1. Retry Says:

    Zaboravi da go spomnesh i midget-ot koj dade 5 kosha vo finishot koga beshe najpotrebno za Celtics.

  2. vase-rockets Says:

    edna molba

    koj moze da se javi vo mtv i da im kaze da go trgnat onoj ko-kometatorot sto disese cela utakmica vo toa microfonot!

    fala :D

  3. dasaf Says:

    додека да дојде новиот пост на Енко, да ја искористам оваа ретка прилика сајтот да ми е достапен па да искоментирам за синоќа:
    BE L.A. :)

Leave a Reply