Кога ќе ти се случи нешто лошо, логично е веќе следниот ден да ти биде подобар. Не дека нешто многу добро ќе ти се случи, туку од причина што не може да ти биде така лош како претходниот.
По оние -43 во првата средба јасно беше дека што и да случи синоќа во Орландо ќе биде напредок за Хоукси. И тоа им е единствената утеха после вториот пораз, овој пат не толку убедлив, но веројатно подеднакво обесхрабрувачки за сите нивни фанови.
Откако во првата средба издржаа некои 12-15 минути, синоќа Хоукси издржаа цели 38-40 минути против актуелниот шампион на Истокот. Но, тоа беше се од нив. Кој знае, можеби во Гејм 3 ќе издржат 45 и ќе гледаме тесна завршница, а во Гејм 4 ќе бидат во секој поглед на теренот цели 48 минути па ќе видиме и една нивна победа. Повеќе не може ни да се очекува. Единствено што можат, ако продолжат вака, е за разлика од лани кога Кавси ги збришаа во втора рунда, да остварат една победа. Сепак, и тоа е некаков напредок.
За да се добие плеј-оф серија, а потоа и да се направи нешто многу поголемо, цел тим мора да биде максимално фокусиран на целта, да дава се од себе и да гине за секоја топка. Ментални колапси не се дозволени. Можеби, чисто на талент и квалитет во првата рунда и ќе успеете да се извадите, но тоа не пали од 2. рунда па до крај.
За разлика од првиот дуел, Хоукси покажаа нешто плус синоќа, но старите болки се уште прават жуљеви кои не им дозволуваат да бидат конкурентни до крај. Посебно ме чуди начинот на кој се однесува Џош Смит. Не дека го сметам за посебно паметен играч, но дечкото на моменти делува, дури се одвива играта, како да рола ганџа на некоја плажа на Јамајка, а не како да е сред плеј-оф средба. На моменти се буди, но сето тоа е недоволно.
Џо Џонсон е приказна сам за себе и доколку продолжи со вака бедни партии мислам дека значително ќе си ја намали цената и дека ќе се види вистината дека всушност тој не е еден од најпотцентите играчи во лигата. Не му останува уште многу време да го поправи впечатокот.
Штета за Ал Хорфорд, кој ми омилен лик во тој тим и кој цело време гине на терен играјѓи вон својата природна позиција и борејќи се со повисоки и често посилни момци во рекетот.
И сево ова погоре за тимот кој загубил. Веројатни затоа што, како што верувам дека е случај и со Мајк Вудсон, страшно фрустрирачки е да гледаш тим кој е страшно талентиран како игра така бедно и на моменти мизерно, и во напад и во одбрана. Посебно играчот кој би требал да биде нивни лидер, но не е ни далеку од тоа.
За Орландо, нема што да се каже освен се најдобро. Точно е дека се мачат во одредени моменти кога Двајт не е на теренот. Но, тоа се кратки моменти. Можеби и судиите малку го претеруваат со толерирањето на лактањето и постојаното свирење на секој контакт над Двајт, нешто што беше сосема спротивно во серијата со Шарлот. Но, и доколку бидат објективни судиите, сепак не верувам дека Хоукси имаат нешто поголеми шанси во оваа серија.
Секоја чест за Џамир Нелсон, кој за плус 10 си го поправи просекот во плејофот во однос на сезонскиот, како и на Рашард Луис, кој се повеќе личи на оној играч кој беше во Сиетл.





May 7th, 2010 at 1:00 pm
Е луѓе, како беше она правилото, да под 1,4 стотинки не може да се изведе шут на кош…
1993 во плејофот кога играа Њујорк и Чикаго е воведено тоа правило?
May 7th, 2010 at 4:45 pm
0.4 sekundi e praviloto. I e od 2004 godina.
May 7th, 2010 at 10:04 pm
Hmm, ne e 0.3 sekundi?
May 7th, 2010 at 10:41 pm
Атланта се мизерија жива, не само во дуелов со Орландо, туку и во серијата со Бакси беа катастрофа, едвај и нив ги пројдоа. А и јас мислам дека 0,4 секунди беа доволни за да се изведе шут за кош.
Малку офф топик од нба плејоф, незнам колку од вас пратат евро лига, ама мене Партизан ми се нешто ко Грција кога стана европски првак во фудбал, Значи од тотален аутсајдер, да дојдеш на фајнал фор, да гинеш на терен, ама баш буквално, им се восхитувам. Браво за Партизан, браво за Вујошевиќ и до Мариќ, Кецман, двајцата амери, и посебно до чехот Вејселин
. Идете следната сезона во нба-источна конференција, место Њујорк, нека и во Медисон сквер гарден видат како се игра кошарка од и со срце. Утрово очекувам спарси да се радуваат и да ја вратат неизвесоната во Тексас, додека Бостон со онаква игра како во гејм 2, не би требало да има проблеми со Кавси
May 8th, 2010 at 10:55 am
Моја грешка за правилото. Точно е дека е 0.3 секунди и се вика The Trent Tucker rule. Го помешав со оној шут на Фишер 2004 против Спарси.
Правилото е на сила од 1990 година, односно по крајот на сезоната 1989-90, а причина беа признатите од страна на судиите поени на Такер за победа со сирена на Никси против Чикаго на 15 јануари 1990 година.
Добри прогнози, Спривел
May 8th, 2010 at 11:20 am
Добри?- Ајде немој да бидеш скромен, кажи дека се страшни
.
Бостон-Кливленд ја гледав до трета четвртина, и едноставно ми се соспа, немаше ефект од гледање веќе
, а искрено бев скоро 100 % сигурен дека Спарси ќе победат, али ете прокоцкаа убава предност, а задња четвртина Драгич збеснал.
Сеа останува на Спарси да направат чудо, кое тешко дека ќе го видиме
May 8th, 2010 at 1:20 pm
The Trent Tucker rule е тоа ми требаше
Него Леброн покажа кој е кој.
А Чајлдрес не за џабе зема 5 милиони по сезона
May 8th, 2010 at 2:32 pm
Чилдрес