“Мајкл, и ти малку да пробаш од твојот ‘лек’”
Posted by Karakash on Saturday Mar 20, 2010 Under Видео, Легенди, MJ23Што поради лични причини, а што и поради тоа што во последните недела дена, со исклучок на дуелот минатата недела помеѓу Кавси и Селтикси (кој помина во лесна доминација на Лебронси), МакНБА влезе во фаза на хибернација. Хибернација која за среќа беше само моментална и од која ме разбудија Хоукси.
Баш вчера мислев да шкртнам пост за новиот камбек на Мајкл, овој пат како сефте во неговата кариера со звање мнозински сопственик на еден НБА клуб, кога Хоукси се вмешаа во приказната. Поточно, Џо Џонсон кој му покажа на Мајкл како се губи од неговиот “лек“. Безброј пати Џордан ги решаваше противниците со поени во последните секунди, за синоќа да види како е да се најдеш на другата страна. Овој пат не како играч, туку како газда.
Благодарение на NBA League Pass (и на двајца мои пријатели) сезонава ја изгледав скоро секоја средба на Хоукси, покрај многу други, и ги научив како играат со кој противник и како се однесуваат во различни ситуации. Тесните завршници и продолженијата, без разлика на противникот, не им се силна страна, но синоќа, за среќа, беше поинаку. Најзаслужен за тоа е Џо кој се врати во тимот по кратката пауза и беше клач кога беше најпотребно. Чисто колку да види Мајкл како е. А и да се одржи третата позиција на Истокот.
Да биде ситуацијата уште поиронична, Џо е еден од ретките играчи, избрани лично од Мајкл, кој на своите стопала го има последниот модел патики од брендот Jumpman.


March 21st, 2010 at 1:13 pm
Trebashe post da naprajsh za 15 000 poen na LeBron kako najmlad do taa brojka.
March 21st, 2010 at 5:57 pm
Беше најмлад до 5000, па до 10 000, па сега до 15 000. Сите знаат дека, ако не му деси нешто страшно, Брон ќе биде и најмлад до 20-25 000. Имаше твит за тоа на МакНБА на Твитер. Сосема доволно.
March 22nd, 2010 at 10:09 am
Horford imashe jako kucanje vo lice na Timcho.
March 22nd, 2010 at 12:23 pm
@retry Хоукси имаат голема победа, во ОТ против Тимчо и Спарси кои ги прогонуваат на спиење долго време. Плус, нова победа во тесна завршница против добар тим секогаш е плус.
March 22nd, 2010 at 12:33 pm
http://www.youtube.com/watch?v=mJFspek3d-8