durantula

The Good -

Кевин Дурент! Момакот кој го дели првото место на листата на стрелци со Леброн и кој е главната причина за скорот 30-21 на Оклахома сити, тим кој лани имаше 27 победи цела сезона. Соиграчите не му се сменија многу, но Дурантула продолжи да еволуира. Во моментов има низа од 25 средби со најмалку 20 постигнати поени, низа каква во последниве 30 години имале само Мајкл и Ајверсон. Сепак, Кевин е единствениот помлад од 22 години со ваква низа.

Како тргнале, Тандер ќе играат во плејоф, што е огромна работа за тимот кој лани беше потсмев на поголемиот дел од лигата. Сепак, некако сево ова ќе беше поубаво ако се случуваше во Сиетл.

Во Портланд веројатно си ја маваат главата во ѕид гледајќи го Дурент како од вечер во вечер рока гузови, додека тие секојдневно имаат отворена сметка во рехабилитационите центри во Орегон.

Не до толку, но добри, добри: Нормално, Лејкерси, но и пробудената Јута, Денвер, осакатениот Портланд, Арон Брукс, Рокетси на Аделман, Монтеј Елис, Диркулес, Зеко Рендолф, Феникс, Амари и Неш…

dankan i pop-1212

The Bad -

За некого скор од 29-21 е фантастичен успех, но не и за Спарси и Попович. Летово, кога сите мислеа дека се готови, Поп успеа да ги врати во секој муабет за камбек во финалето со ангажирањето на Џеферсон, Мекдајс и драфтувањето на Блер. Арно ама, експериментот, барем до сега, не успева. Џеферсон е изгубен во Аламо, Мекдајс е непостојан, додека единствено вистинско засилување е кражбата на драфтот – Блер.

Лонгориа де игра, де не игра, Ману, кога не фаќа лилјаци е нивни најдобар играч. Тимчо Роботчо има потреба од нов чип, Финли некогаш бил Финли…итд…

Секако дека уште има време за се да тргне како што сакаат во Сан Антонио, но досегашните партии не влеваат надеж. Аламо никогаш во последниве 12 години не било така лесно за освојување.

Лоши, брат: Дон Нелсон, Вулфси (иако се борат секоја вечер) и секако, без конкуренција, Берон Дејвис. Момакот кој требаше да ги спаси Клиперси е тоа само во својата глава.

oden kuca

The Ugly -

Сигурно не по нивна вина, но Грег Оден и Блејк Грифин. Колку беа големи надежите дека ќе станат играчишта, толку беше поголемо разочарувањето по нивните тешки повреди. Тоа посебно е случај за Оден, интересен лик кој сезонава таман кога почна да си го наоѓа местото во Портланд, му рикна коленото. По втор пат.

Грифин пак, поради слична повреда, исто како и Оден кога беше прв пик не успеа да заигра сезонава. Момакот е страшен атлета, па затоа останува да се види како повредата ќе влијае на неговата експлозивност.

One Response to “The Good, the Bad and the Ugly – Полугодишни оценки (Запад)”

  1. Retry Says:

    I Kobe izgleda kje go nema na All-Star. Kidd najverojatno kako zamena.

Leave a Reply