Продолжен одмор за Аринас + другите лоши момци
Posted by Karakash on Thursday Jan 28, 2010 Under Бизаро, Гилбертологија, ЛегендиВеројатно никого не изненади веста дека Комишот го суспендирал Аринас (и Критентон во пакет) до крај на сезоната. Ова, и покрај големата глупост на Жилберто, не е најдолгата суспензија во историјата на НБА, но причина за тоа може да биде и самиот факт дека нечии други глупости се случиле порано во сезоната од оваа на Аринас.
Еве ден поглед на најдолгите суспензии до сега:
Рон Артест – 73 средби:
Причината добро позната. Малце поагресивното гушкање и поздравување со фановите на Пистонси на трибините на Обурн Хилс, наместо ако нешто му пречеше да се измереше со Бен Волас, кој уствари и ја започна целата работа со својот груб фаул над Рон.
Латрел Спривел – 68 средби:
Вратот на Пи-Џеј Карлисимо си знае најдобро. Прв и последен пат играч да нападне тренер. После ова Карлисимо си остана просечен тренер, но сите почнаа да бегаат од Спривел.
Гилберт Aринас – 50 средби:
Ова е тазе и добро познато. Колку што направи глупсот, Жилберто го изнервира Комишот кој од него направи пример за сите вакви идни прекршоци.
Стивен Џексон – 30 средби:
Другарот на Рон во горенаведеното дело. Има и суспензија од седум средби за пукање со пиштол во воздух пред ноќен клуб во Индијанаполис.
Kермит Вашингтон – 26 средби:
Ретро момент за кој повозрасните имаат слушнато. Удар кој за малце ќе го убиеше Руди Томјанович – играчот. Удар кој ја уништи кариерата на Кермит.
Џермејн О’Нил – 15 средби:
Третиот дел од дружината на Пејсерси која дивееше во Обурн Хилс.
Денис Родман – 11 средби:
Кој би рекол, само 11 средби. И тоа за удирање на фоторепортер во Минеаполис на најнезгодното место.
ПС: Интересно е да се види дека на листата нема многу од оние кои би очекувале да ги видиме, а посебно тоа што нема ни еден член на Бед Бојси. Родман неговата глупост ја направи како играч на Булси.


