Фотка на неделата 78 (2.) – 25 000
Posted by Karakash on Friday Jan 22, 2010 Under Кобиџилница, Лебронџилница, Легенди, Фотка на неделата, Шек Бургер, MJ23Само два дена по големото постигнување на Шек, играчот чива кариера засекогаш ќе се поврзува со Дизелот, и обратно го оствари своето голем достигнување. Во дуелот со Кавси, Коби стана најмладиот играч со 25 000 поени зад себе, тренд на “Најмлад играч со ***** поени““кој од самиот старт на кариерата го следи и кој веќе почнува да го наследува Леброн.
Инаку, кога во јуни 1996 година Шарлот (Хорнетси) го избраа како 13. пик, а веднаш потоа го испратија во Лос Анџелес во размена за Владе Дивац, многумина не ја гледаа големината која во себе ја криеше Коби. Во тоа време и не беше некој голем тренд да се драфтуваат средношколци, но сето тоа се смени после Кеј-Џи и Коби. Сега тој трејд помеѓу Хорнетси и Лејкерси делува смешно, иако и Шарлот измолзе некоја солидна сезона од Владе.
Сепак, Кобстерот, и покрај сите споредби и обвинувања за копирање на Мајкл, е приказна сам за себе, некои го сакаат, а некои го мразат, но нема збор дека дечкото кога ќе се спушти завесата ќе влезе во секоја дискусија за “Најголем на сите времиња“.
А она што е најстрашно, уште не сме виделе се од него. Исто како и од неколку други имиња во Лигата, на кои сепак тој им е лидер.
ПС: Само што ја изгледав Кавс-Лејкерс, во која Коби беше добар, но не и остатокот од Лејкерси, барем не кога беше најпотребно против Кливленд без Мо Вилијамс (месец дена пауза најмалку). Баш заради тоа очекувам вечер експлозија во Њујорк.



January 22nd, 2010 at 21:52
Иначе, пазете ја сликава: Пејтон, Мајкл, Мелоун, Пени, Кемп, Дикембе и Шек
January 23rd, 2010 at 21:52
foreshadowing…site ke gi ostai pozadi sebe u trkata za all time leading scorer
kareem go nema…
January 25th, 2010 at 21:52
Колку и да напрај до крајо на кариера колку и да освој прстени и сите да ги стигни во поени , нема шанси да има полемики за кој е најдобар на сите времиња-Ем Џеј!