Фотка на неделата 77 – Подвлечен со “црвено“
Posted by Karakash on Tuesday Jan 12, 2010 Under Фотка на неделатаМајкл Ред го пропушта остатокот од сезоната. Невиден малер и Штета би биле првите реакции на оваа вест, но таа има и подлабоки последици, не само за Ред, туку и за Бакси.
Да не се случеше дуплото кинење на лигаменти, и тоа по втор пат во релативно кусо време, Ред веројатно ќе беше трампан во следните месец и пол, веројатно во тим со шампионски амбиции. Или пак ќе останеше во Милвоки до лето, ќе ја искористеше опцијата за раскин на договорот и ќе бараше силен тим во кој ќе беше втора, трета опција во нападот. Како Ален во Бостон.
А и Бакси ќе си ослободеа доста простор во селари-капот и ќе ја продолжеа обновата на младиот тим.
Вака, на Ред му следуваат физички и психички тешки и болни месеци рехабилитација кои ќе бидат само подготовка за нов камбек, кој после толку чепкање на лигаментите може само да се моли дека ќе успее. Тоа е всушност и најтажниот дел од целава работа. Личната агонија низ која Ред повторно ќе мора да помине.



January 13th, 2010 at 11:49 am
Da ne bide i po Redd, Kobe
January 14th, 2010 at 7:13 am
If i can walk, I will play