Ова го имав вчера ставено на Фејсбук страна на MakNBA, но ако некој случајно не го видел, вреди да се подели пак. Пред се затоа што вакво нешто, иако толкави години гледам кошарка, немам видено.
Џеј-Ар Смит отсекогаш сум го сметал за, како што викаат Америте – Airhead. На нашки тоа би можело да биде, во слободен превод – Шупелка. Играч кој очигледно има голем потенцијал, но потенцијал кој пред се е само физички. Токму поради таа своја карактеристика не се снајде во Хорнетси и со Бајрон Скот, а и се до минатата сезона и доаѓањето на Билапс редовно беше на мета на Џорџ Карл поради неговите крајно нелогични потези и очајна шут селекција кога ќе добиеше шанса да заигра.
Тоа колку е фокусиран на самата средба и на моментот, Џеј-Ар го покажа и во Сакраменто со потег на кој стварно не му е потребен коментар. Тупавост која можам само да ја споредам кога Мерион, додека беше дел од Санси, по мртва топка, тргна да закуца кон својот кош.
Да не биде дуелот на Нагетси и Кингси познат само по оваа бизарност, се погрижи главниот кандидат за Руки на годината, Тајрик Еванс, кој повторно во последните секунди им донесе победа на Кингси. По домашните разочарувања со Кавси и Лејкерси, неочекувано добрите Кингси се омрсија против Нагетси без Мело.


January 12th, 2010 at 12:39 am
Иако многу малку следам екшуали кошарка сезонава (освен, бројки, статистики и други фентази математики), сепак голем дел од тоа што го имам изгледано се погоди да бидат Кингси. И мора да призаам дека ми се хит на сезоната. Немаа баш среќа во тоа шо го видов од нив, ама сепак се интересна дружина…
January 12th, 2010 at 7:39 am
hahahahahaha idete na jennings i farmar twitterot se zakaraa nesto
smeski
January 12th, 2010 at 8:15 am
Smeshki
Svashta.