Кој преку P2P, кој преку NBА League Pass, кој на Џастин ТВ, синоќа си се снајде и го испоштува стартот на новата НБА сезона, нешто на што се чекаше откако Лејкерси полесно од очекувањата ја освоија титулата минатиот јуни.

Нормално, централен, покрај церемонијата на прстенување на Лејкерси, беше дуелот на Кавси и Селтикси, дуо кое заедно со Орландо ќе царува на Истокот, исто како и лани. И уште од старт Бостон покажа зошто поголем дел од НБА аналитичарите и екс-играчи ги гледа во Големото финале, а добар дел од нив и како нови шампиони. Нормално, патот до враќање на тронот води преку Холивуд, но барем на хартија, а синоќа и во Кливленд, Селтикси делуваа навистина опасно.

За потсетување, тие лани имаа старт од 27-2 пред да се повреди Гарнет, без кого го изнамачија следниот шампион на Истокот, Орландо. Сега Кеј-Џи делува здраво, иако не е на 100%, а како плус главоболка на конкуренцијата Бостон е појак и за двете страшни фризури, Афрото на Рашид, како и за Муфлонот на Маркиз Дениелс.

Кавси од др. страна верувам дека ќе пробаат да направат трејд за несреќниот во Оукленд Стивен Џексон, затоа што очајно им треба лик кој покрај Леброн може сам да креира во нападот. Шек не е за втора опција, но може да биде корисен, а пакет од Џексон + Туриаф би можел да ги убеди Кавси да се откажат од Илгаускас.

Мо Вилијамс редовно се губи против големи екипи, додека Делонте Вест се уште е изгубен.

Она што исто така ја одбележа вечерта синоќа беше и камбекот на Agent Zero, кој го распали Хибачито сред Далас каде Визардси покажаа дека можат да бидат најголемото изненадување сезонава.

Хјустон и Портланд одиграа нови четири досадни четвртини.

Лејкерси без Пау, но со разбудениот Бајнам + Коби стартуваа со победа со новите прстени на раце. Барем сите освен Артест, кој можеше само да гледа како новите соиграчи се китат. Да не биде без ич, тој си ја накити главата со еден куп глупости, чисто да им конкурира на Шид и Дениелс за најгадна фризура.

ПС: Клипот е дел од промо кампањата на TNT. И, по милионити пат, има ли профи лига која е подобро презентирана преку клипови и останати медиуми од НБА?

4 Responses to “Се разгоре Хибачито, Рон-Рон ги гледаше прстените, Кеј-Џи доби афро-братче”

  1. turpis Says:

    А што се деси со прстенот на Ariza? По пошта ќе му го пратат? :)

  2. bukle Says:

    kakov klip me naezi… nema e odgovorot na p.s.

  3. Retry Says:

    Bargnani popara napravi.

  4. Karakash Says:

    Попрво направи лазањи, ама поентата е иста, Кавси не се најадоа :)

Leave a Reply