Oct 26
Фотка на неделата 71 – Рон-Рон се навикна на Холивуд
Posted by Karakash on Monday Oct 26, 2009 Under Бизаро, Фотка на неделатаБаш додека МакНБА беше во стечај, се појавија еден куп одлични фотки кои и тоа како ќе си имаа свое место како Фотки на Неделата. Ќе гледам да ги објавам сите, една по една, а предност му давам на Артест и неговата фото-сесија со Наталин Авчи, модел со турско потекло.
Новиот телохранител на Коби сам си ја организрал сесијата (зошто не ме изненадува ова?) со цел подобра промоција во својот нов град. Во вистински Холивудски стил, иако целава работа повеќе изгледа како да е во некој Генгста стил.
Колку и платил Рон-Рон на Авчи, не се знае, но според фоткиве, вредело, колку и да е. Сепак, што и да направи Артест сега, тоа не може да му го упропасти имиџот. Само да му го поправи.




October 27th, 2009 at 2:51 pm
Најнова вест од Холивуд. Пикот #1 Блејк Грифин го повредил коленото и ќе отсуствува околу 6 недели.