4 во 1 Привју: Мемфис, Кингси, Тандер и Вулфси или “Дното на Западот“
Posted by Karakash on Sunday Oct 25, 2009 Under Најави 2009-2010, Привју 09Лагано, ден по ден, оваа недела пред стартот на новата сезона, како и првата недела од сезоната ќе гледам да ги фатиме сите екипи со најава, кој поголема, кој помала. Овој пост му е посветен на, како што вика насловот, квартетот екипи кои се на дното на Западот, Тандер, па и Мемфис на моменти, би можеле да изненадат многумина. Сепак, плејофот е само далечен сон за сите четири екипи.
Некако најмногу муабет летово се вртеше за Гризлиси од единствена причина што летово во градот на Елвис се пресели Ален Ајверсон, кој успеа да си најде екипа во која ќе истера една сезона, нема да биде ни блиску до плејоф, а камоли титула и со самото тоа очекувањата нема да бидат високи.
Човекот едноставно не сакаше да оди против својата слика за себе според која тој мора да биде стартер, по секоја цена, па макар тоа значело и стартер во првиот тим на локалниот Пензионерски Дом.
Сепак, Гризлиси се далеку од Дом за ветерани и одлуката да го донесат Ајверсон, а и Зеко Рендолф летово ми е тотална мистерија, Нормално дека со Ален сакаа да пополнат барем дел од празните места во арената, но не знам како можат тој и Зеко да влијаат позитивно врз развојот на младиот тим.
Проблемот со тренинзите на Ајверсон, како и големата потрошувачка на топки и незгодниот карактер на Зеко се токму спротивното од она што им требаше на Гризлиси. Наместо да го градат тимот околу Геј, Мејо и рукито Табит, во управата се решија на потег кој можеби ќе им донесе која победа плус (Можеби), но и оддалечи од некоја посветла иднина.
Зеко, а и Ајверсон во помала мерка, се познати како Црни Дупки и тоа најмногу ќе ги нервира Мејо и Геј, а со тоа не верувам ни дека ќе има некоја атмосфера во тимот.
Штета, а имаа предиспозиции за сезона-две да направат голем исчекор напред.
Грешката на Мемфис не ја направија во Оклахома сити, а ни во Сакраменто и Минесота. Таму си оставија доволно простор во селари-капот, дел од нив ослободија и плус простор ова лето, и во новата сезона во целост ќе се потпрат на своите млади играчи.
Најголемата ѕвезда во ова трио ја има Оклахома во Дурантула, кој сезонава може и до Ол-Стар, иако крилните позиции се најсилни на Западот.
Нема причина Кевин да има уште една одлична сезона, а заедно со него созрева и остатокот од тимот. Ќе направат понекое изненадување, но тоа е максимум. Во полоша состојба се Вулфси и Кингси, кои ги очекува долг пат до враќање на некои позиции кои ги имаа кон почетокот на овој милениум.
За овие четири, толку.



