Џо Ду(пка)марс

Posted by Karakash on Friday Jul 3, 2009 Under Лето 2009

vilanueva-preku-darko-0802

Кога по срамната елиминација од страна на Кавси стана јасно дека и дефинитивно дошол крајот на овие Пистонси, на голема врата се најавуваше реконструкција на тимот од страна на Џо Думарс. Летово значеше адио за  неупотребливиот Ајверсон и Шид и нивните преголеми договори, што отвори доволна голема дупка во селари-капот за Детроит пак да стане фактор на Истокот.

Арно ама, Џо уште еднаш ја покажа својата брилијантност (барем за сега) и нови Пистонси ги стори екс-колеџ соиграчите Гордон и Вилануева, играчот на Шеп.

И тоа е мастер планот за реконструкција на Џо? Бен и Чарли?!?!?! Стварно не би сакал да сум фан на Детроит во моментов. Од сите звучни имиња кои се вртеа во разни комбинации ова и следното лето, на крајот да завршиш со овој тандем? Брилијантно.

Сега Џо би требал да направи некој блокбастер трејд со РИП плус Тејшон можеби за чисто да си го обели образот колку-толку.

И сево ова без да го спомнам отказот за Мајкл Кари оваа недела. Што мајка чекаше Џо до сега за да го отпушти очигледно неспособниот Кари, не знам, тоа требаше, како секој нормален тим, да го направи на крајот од сезоната.

ПС: 55 милиони за Бен и 35 милиони за Чарли. Браво, мајсторе.

One Response to “Џо Ду(пка)марс”

  1. Retry Says:

    Nemam komentar za potegov.

Leave a Reply