Ќе почекаме со погребот на Спарси…Џеферсон во Аламо
Posted by Karakash on Tuesday Jun 23, 2009 Under Лето 2009Баш кога помисливме дека се готови, Поп и управата на Спарси пак се враќаат во игра со цел да ги направат работите интересни на Западот. И тоа со трејд во кој се откажаа од тројца играчи кои имаат вкупно 108 години и кои и онака имаа се помал придонес во играта.
Така, за Оберто, Боувен и Курт Томас, Спарси го добија Ричард Џеферсон, кој не се задржа многу во Милвоки по трејдот од Нетси минатото лето. Со овој трејд Поп конечно доби асално ниско крило, кое можеби не е некој дефанзивец, ама и е значително офанзивно олеснување за Тимчо, Тончи и Ману. Плус, човекот ретко се повредува.
Сега на Поп е само да најде човек кој ќе пополни понекоја дупка во рекетот и еден кој ќе го одмори Данкан. Задржувањето на Гуден може да биде една опција, а сигурен сум дека ќе се најде и некој ветеран кој нема да ја одбие понудата на Поп.
Што се однеусва до Бакси, таму се случува вистинска калакурница изминативе две години со бројни трампи кои го прават тимот само послаб. Минатото лето за 100 грама печени кикирики од кај Ахмет и две столчиња се откажаа од Мо Вилијамс, а сега за сличен пакет аранжман, кој веројатно нема ни да го облече нивниот дрес, го откачија Џеферсон.
Овој нивни потег значи само плус место во селари-капот за следното лето, а во исто време го враќа животот во Аламо.



June 24th, 2009 at 6:07 am
Mnogu pameten poteg za Spurs.