Да не биде без пост

Posted by Shepard on Thursday May 21, 2009 Under Општо / Разно

Најпрво, МакНБА управата се извинува за тоа што не’ немаше кога е густо, али проблемите беа надвор од наша контрола. За среќа, сега се е средено и блогов ќе си функционира и боље од претхнодно.

Додека да пише Енко, да кажам и ја некој збор за двете отварања на конференциските финалиња. Некако коинцидира овој пост и со моментот кога се снајдов за стримање :)

Прво, она што ми е побитно: Лејкерс – Денвер

Денвер потврдија 2 ствари што беа кажани за нив: а) дека се силен тим и б) дека се гето тим. За жал, двете лица ги распоредија лошо за нив временски – се испуцаа на почетокот, а на крајот не им остана ништо освен љутите погледи и понашањето “шо ме глеаш бе”. Не може да се вадат на неискуство пошто имаат и те како искусен тренер, а и клучната грешка (изгубената топка) ја направија двајца прилично искусни играчи – Чонси Билапс и Ентони Картер. Требале да ја прегледаат легендарната утакмица со Феникс од пред 3 сезони, кога тогашниот #3, Девин Џорџ исто ко Ариза завчера, му ја здипли на Нешти и Лејкерс тепаа.

За Лејкерси пак, после мукањето со Хјустон, како ја почнаа утакмицата, помислив дека ќе биде 0-4 на крајот на серијата. Тоа тромост, млитавост, збуњеност, у одбрана промаја.. страв да те фати. За среќа, лав хим ор хејт хим, Лејкерси го имаат Коби, кој после неколку минути виде-не-виде, го уклучи лидерскиот моуд и некако Лејкерси се вратија. Добар удел имаше и Гасол, иако цело време си е ко камилица на ливада. Фишер ќе мора малце поише од двете клучни тројки ако сакаат да се пробијат.

За Орландо – Кливленд не знам што да кажам. Имав прилика да ја гледам на сајтот на НБА со 4 камери од кои едната беше цело време фокусирана на ЛеБрон и сеуште сум вџашен од глетката по завршувањето на утакмицата. Човекот изглеаше како во агонија. Шо вика Турпис, на крај у контри и гзето Туркоглу трчаше побрзо од него. Дали беше само грч од умор или нешто посериозно ќе видиме, ама не беше најсреќна глетка. Другата камера беше фокусирана цело време на Двајт, и цело време, па дури и кога даваше изјава на крајот глеаше кон Џејмс со уплашен поглед. Може и него го чека нешто такво, со оглед на нивните “натприродни” физикуси, со основано сомнение дека се на некои витаминчиња.

Освен факторот паднат ЛеБрон на крајот (кој пак успеа да постигне 49 поени), друго не знам што се деси? Како Лејкерси лани со Бостон.. тотално се изгубија во сопственото водство. Стварно не би можел да кажам како.. Во секој случај изненадување и голем предизвик за двата тима за понатаму. Само ЛеБрон да е ок.

2 Responses to “Да не биде без пост”

  1. Retry Says:

    Da ne bide bez komentar :)

  2. Karakash Says:

    Kamilica na livada, be :)

Leave a Reply