Photobucket

Ете, и вистинскиот Коби се појави во овој плејоф. После онаа мизерна трета партија и за очекување беше и тој да се разбуди, и тоа како да се разбуди. Лејкерси одиграа одлична средба покажувајќи дека им нема рамен на Западот, иако рака на срце, настрана од Коби им фати шутот и на сите други, па така од секоја позиција погодуваа и еден Шенон Браун, Лук Волтон и мрскиот и мрсен во главата Вујачиќ.

И секоја чест за Зенот за ставање на Одом како стартер и седнување на Бајнам на клупа. Против Јута, а и воопшто, мислам дека тоа е подобро решение. Лани без Бајнам стигнаа до Финале, сега мислам дека им е само потребен како помош во рекетот, ништо повеќе. Иако верувам дека во зависност од сериите кои следуваат Зенот би можел да го врати во први пет.

Јута се бореше, но толку им е силата. Не можат секоја вечер Бузер и Вилијамс да гинат по преку 40 минути без некој друг да повлече, а камбекот на Мемо не го ни рачунам за камбек, зошто јасно беше дека човекот не е подготвен за игра, ма колкава желба и да имал.

За Хоукси нема многу да пишувам, да, беа бедни, ма какви бедни, мизерни, но Мајами повторно одигра како Дрим Тим, погодувајќи ја секоја тројка што требаше, фаќајки го секој скок што требаше и на крај во такви момци како Мун, Џејмс Џонс, Чалмерс итд. стануваат фаци.

Атланта има плеј со едно чудо плејоф искуство кој не ја ни пренесува топката, а камоли организира играта, одлучија да не го удвојуваат Вејд, всушност не ни играа одбрана на Вејд, кој пак погодуваше луди шутеви и во напад немаш движење на топката. Како што на полувреме се смееа Кени Смит и Баркли…“дрибл, дрибл, дрибл, дрибл…“, тоа им беше целата игра во напад.

А Џермејн како стварно да ја нашол Фонтаната на Младоста во Саут Бич. или така ми се чини ради бедните партии на високите момци на Хоукси.

Најинтересното во целата работа е што доколку некои топки за Мајами не тргнат на нивна воденица на следната средба, епизодистите си одиграат како што и обично играа и не одиграат со таква енергија и прецизност, со конечно добра партија на Хоукси, тие можат да ја изедначат серијата во понеделник.

Но, како што сега стојат работите, не знам баш дали е изводливо. За такво нешто им треба и здрав Марвин Вилијамс, а тој е повреден. Кој ќе повлече и ќе стане нивни лидер, да се развика малце во соблекувална и на терен, не знам, не гледам таков лик во тимот. Единствено Вудсон да им удри ќутеќ.

И реков нема многу да пишувам за Хоукси.

Во другите две Џош Хаурд покажа дека е икс-факторот во серијата со Спарси, пак. Исто како што Данкан и Паркер покажаа дека не можат се сами и дека без Ману тешко ја поминуваат и прва рунда. Колку само им фали Ману на Спарси.

Хорнетси пак покажаа дека не можат да се носат со Денвер. Пол мораше да изгине на терен, имаа ефект од клупа, Вест малце се разбуди и Нагетси, кои не одиграа нешто сјајно, пак беа во игра до задња секунда. Тајсон беше труба, ма колку и да се опоравувал од повреда, сега некако ја сфаќам идејата за негов трејд, ама во Оклахома не дозволија да ги зезнат. За дедо Пеџа, да не зборам.

5 Responses to “Кога Коби е Коби”

  1. darko Says:

    Продолженија во Чикаго. Реј Ален пак ги спаси Селтикси со тројка

  2. Petar Says:

    najdobra serija momentalno…2nd OT

  3. Karakash Says:

    Лудница во Чикаго…уште малце па 2-2.

  4. Karakash Says:

    Е Пирс, Пирс…

  5. turpis Says:

    Ау, каква тројка на Хидо…

Leave a Reply