
Aј шо не го избраа на Олстар, а заслужи 5 пати поише од Дејвид Вест рецимо, млад е, има време. Ал Џеферсон го еба десното колено скроз (лигаменти) и толку од него за оваа сезона. Ќе ја заврши со просек од 23 поена и 11 скока.
Многумина веќе го вбројуваат во топ 25 играчи во Лигата, како единствен достоинствен центар (иако не е баш природен центар) освен Двајт Хауард (кој исто не е баш природен центар) освен Шек. Има многу јака игра ко ќе се спушти на пост, и можда е најдобар во таа категорија иако е сеуште млад (24 години). Ако догодина продолжи вака не му бега Олстар.
Кога сме више кај малери, да кажеме и дека уште едно десно колено се сјеба деновиве – она на Крис Бош. Тука нема кврцнати лигаменти, но доволно е сјебано за Бош да не игра на Олстар, а да го замени Мо Вилијамс, за Кливленд веќе да не се жалат. Со ова лајн-апот на Исток станува значително понизок, пошто освен Гарнет и Хауард немаат никој над 205 цм, а имаат едно чудо бекови.
Иначе повреден е и Биби, ама нема сеуште вест дека нема да шутира тројки.


February 11th, 2009 at 21:52
Znachi da ne mu e krivo, i da go izberea prvichno za All-Star, pak nemashe da mozhe da zaigra.
February 11th, 2009 at 21:52
црн хумор