Ѕирнете по ходниците во Феникс, Руди vs Двајт и Не баш “зелен“ Оукленд
Posted by Karakash on Saturday Dec 27, 2008 Under Aмар-корд, Бејџинг 2008, Видео, Д-Вајт, Дневни линкови, Нештињо, Шек БургерСакате да ѕирнете во соблекувалната на Феникс? Мислам, виртуелнатa соблекувална на Феникс?
Иако не освоија ништо изминативе пет сезони Санси станаа еден од најзабавните и најинтересни тимови во лигата. За тоа голема заслуга имаше и Бркот со неговиот лежерен стил на работа, но и ликови како Нешти, кој се пронајде себеси во Аризона по престојот во Далас.
На линкот на врвот ја имате виртуелната соблекувална на Санси, уште една од неколкуте оригинални идеи кои излегоа од Феникс последниве години. Кликајте и шетајте се низ просториите на Санси, има доста за гледање. Покрај тоа, Феникс ја лансираше и кампањата за ол-стар гласови за Амари, иако се сомневам дека им е потребно такво нешто со оглед на тоа како во моментов стојат работите со гласовите. Можеби би било поинтересно да лобираат за настап на Шек како резерва, зошто Ол-Старот не е Ол-Стар без Дизелот и оригиналниот Супермен.
* * * * * * *
* * * * * * *
Бостон, слично како и Лејкерси минатата недела, за прв пат сезонава загуби две средби по ред. Ај што изгубија од Лејкерси во средба во која беше очигледно дека овие имаат многу поголема желба да се надигруваат и дека Поузи фали во Бостон, Селтикси се посрамотија во Оукленд против Вориорси кои се без повеќе од пола тим (кога зборуваме за важни играчи). Бостон остана без Перкинс, што за нив е голем проблем. Не затоа што Кендрик е некое играчиште, него затоа што Селтикси после новата пензија на Пи-Џеј немаат измена за стартниот центар. Веројатно го чекаат 74-годишниот Дикембе.


December 27th, 2008 at 5:54 pm
i jas sakam rudy da ide…kako edno od kucanjata treba da bide in your face na dwight…again
December 28th, 2008 at 3:13 pm
najzakon reklama za Amare!!!!!
December 30th, 2008 at 9:04 am
дизелот мора на олстар
December 30th, 2008 at 11:47 am
Na dizelot mora ovaa godina da mu se pette MVP tituli shto mu gi ukradoa dosega.