Photobucket

Веројатно никого не изненади веста за отпуштањето на Ренди Витман во секогаш досадната Минесота. Всушност, на човекот не ни смееше да му биде врачена таа одговорност лани, исто како што Тандер (Соникси) не смееја да му бидат доделени на Карлисимо. Она што е интересно е веста дека местото на Витман му припадна на Кевин Мекхејл, кој за да може целосно да и се посвети на својата нова позиција во клубот е ослободен од сите свои претходни задолженија, кои беа многу повисоки од тие на еден тренер. Потпретседателската функција сега ќе ја извршува некој друг, додека Кевин нема да има речиси никаков удел во донесувањето одлуки околу играчкиот кадар на тимот.

Тоа секако дека ги израдува сите малку фанови на Вулфси на кои и онака им е преку глава од неспособноста на Мекхејл како оперативец и кои сега се на чекор до остварувањето на својата голема желба – да го видат Мекхејл, кој со неколку свои одлуки буквално го врати клубот години наназад, како ја напушта Минесота следното лето.

Можеби ќе му понудат некоја почесна функција во Бостон со оглед на тоа дека минатото лето им врачи еден доста голем подарок.

* * * * * * * *

Photobucket

Кога сме кај екс-играчи, Владиаторот и Вебер, за успомен и дуго сечање на времето кога Сакраменто имаше свој НБА клуб Кингси оваа сезона засекогаш ќе ги пензионираат дресовите (т.е. броевите) на Крис и Владе. За вториот се знае дека церемонијата ќе се одржи на 31. март следната година кога во Арко гостуваат Хорнетси од кои дел е некогашниот играч на Кингси и голем пријател на Дивац, Пеџа Стојаковиќ. За Вебер уште нема датум, но се зборува дека тоа ќе се деси или во февруари или во март. Како и да е, пред Владе. Ете и Кингси со нешто да се пофалат.

* * * * * * * *

Додека чекаа да почне нивниот дуел со Милвоки, играчите на Лејкерси го гледале дуелот помеѓу Индијана и нивните “пријатели“ од Бостон. Мислам дека не мора да објаснувам за кого навивале Коби енд ко. Тоа е уште еден доказ дека Бостон и титулата се единствено во мислите на Лејкерси, но и доказ дека тие се опседнати со Селтикси и она што им се дешава на нив.

6 Responses to “Волци ќе го јадат Мекхејл, Владе и Крис ептен во пензија и За (или против) кого навиваат Лејкерси”

  1. koledas123 Says:

    Нешто се дешава со Лејкерс. Задњиве утакмици многу поени примаат во последна четвртина, кој стигне ги пуни…

  2. koledas123 Says:

    А и тураков убао им ја брцна на портланд :)

  3. retry Says:

    Ti vikam jas Lakers se pricha za sebe, denes gubat od Kings, a utre kje gi rasturat Suns. Mesto da si dadat shansa da bidat prvi overall, vaka si zagrozuvaat i prvo mesto na West.

  4. Petar Says:

    sega za sega nema gajle za prvo mesto u zapad, ama tesko so vakva igra do prvo mesto overall posto boston i cleveland mn dobro igraat….

  5. dasaf Says:

    Рано е уште, до фебруар е загревање. Се сеќавате лани дека во последните 5 кола на запад се решаваше од прво до осмо место… Секој 3-4 пораза значеа и 3-4 места подоле..

  6. theFan Says:

    Е добро де јак штик ако ги растурат Санс ..
    Санс не се веке она што беа некад.. и они си губат лесно .. :)

Leave a Reply