Run, Raptors, Run
Posted by Karakash on Friday Dec 5, 2008 Under Општо / РазноВеста дека Сем Мичел доби отказ во Канадиенси ич не ме изненади, исто како што не ме изненади отказот за Карлисимо во Оклахома. Е сега, прашање е дали Коланџело требаше баш сега да го отпушти Мичел или не? Ако се вратиме малку назад во времето, кога Коланџело дојде во Торонто тој таму веќе го затекна Мичел на клупата. Таа сезона постојано се зборуваше дека на нејзиниот крај Коланџело ќе бара нов тренер, но одличниот скор на Репторси и наградата за Тренер на годината му ја отежнаа задачата од откачување на Мичел на Коланџело. Така, Сем доби продолжување на договорот, а новиот Џи-Ем на клубот остана да работи со тренер кој никако не се вклопува во неговите шеми.
Слабиот старт оваа сезона на Торонто му дадоа основа за ваков потег на Коланџело, а чашата ја прели бруката во Денвер во која Репторси делуваа немоќно како мали деца. И тоа не им е прв пат да делуваат така оваа сезона. Мичел важи за дефанзивен тренер, но и таа дефанзива оваа сезона никако не функционираше (за разлика од лани) така да отказот за Сем беше неизбежен. Коланџело сака неговиот тим да игра брза и атрактивна кошарка, нешто за што има оружја, а сега се надева дека има и тренер во Џеј Триано, кој некогаш му беше селектор на Нешти во репката на Канада. Да му паднеше на памет порано да се откачи од Сем, можеби Коланџело летово ќе имаше шанси да го донесе својот миленик Бркот. Вака, му останува да се надева дека планот со Триано ќе успее.
Мене лично Мичел не ми бил никогаш тренер по вкус, посебно што нападите на Торонто, барем додека Бош не се разви во суперстар, беа крајно предвидливи, па доста често одбраната беше таа која ги вадеше Репторси. Кога и одбраната потфрли, се знаеше дека му дојде крајот.
Изгледа да се биде некогашен Тренер на годината и нема некоја тежина во НБА.



December 5th, 2008 at 8:30 pm
Отиде Smitch, после 4+ години… Дефинитивно ова не е најпогоден момент за негово отпуштање, ама многу време помина. Во 2005, сезоната ја почна со 1-15, меѓутоа Babcock не го отпушти. Во 2007 кога Colangelo планираше да го смени, после скромниот старт од 7-14, до крајот на сезоната направи 40-21, доби “coach of the year” и нов договор на 12 милиони. Лани сезоната беше доста промелива, иако тимот имаше квалитет. Оваа сезона некако покажа уште помалку посветеност… Последните две со LAL и DEN како воопшто да не му беше важно со каков резултат ќе завршат. Два најголеми минуси кај него, според мене, беа – тоа што не ги користеше играчите на оптимален начин и што не знаеше да ја смени динамиката на играта, да запре противничка серија (серии како LeBron – 56, Kobe – 81, Pierce – 22 во последна четвртина, се тоа беше повеќе по заслуга на лошата игра на TOR отколку на противникот). Целиот концепт на бавен напад во комбинација со слаб скок и генерално слаби ротации во одбраната не носи повеќе во 50%. Се гледа кој е добар материјал за тренер – бркот – секој ден трампа некого, има во тим 4 играчи, 3 инвалиди, еден ретардиран и еден буцко, па сепак држи 8-10 скор.
Triano рече дека ќе работи на подигање на темпото, тоа ќе отвори повеќе простор за Kapono, Parker, па и типови како Moon и Graham, кој немаат многу техника, ама можат да бидат корисни во run-n-gun. Штета што го дадоа Ford, ептен ќе беше од корист сега (освен што и онака не можеа да ги имаат двајцата). Како и да е, оваа сезона ќе биде експеримент, па ако не го бива Jay, ќе најде Colangelo нешто соодветно за следната сезона.
December 6th, 2008 at 12:35 pm
Уште еден катастрофален пораз на Торонто…
December 6th, 2008 at 2:53 pm
Ne go menuvajte mazhot, smenete go zachinot