За нас
МакНБА е единствен македонски (каков-таков) медиум кој изминативе шест и пол години редовно ги следи случувањата во НБА. Но, тоа не го прави на стереотипичен начин, туку со ставање акцент на забавната страна на НБА и на кошарката воопшто.
Некои знаеја да бидат навредени од тоа, но повеќето од нашите фанови се забавуваа на таа тема.
Како МакНБА стартува во сезоната 2003/04, под името NBA Macedonia, но поради неможноста да и се посвети доволно внимание, ставена е на пауза, Тоа трае до мај 2005. година кога заживува под мотото „Гледајте (и играјте) кошарка, наместо да правите валкани работи“.
Во тој период функцонира како блог на Blogger, за да со почетокот на сезоната 2006/07 да се пресели на maknba.com.mk.
Таа љубов со кратенката – .mk трае се до летото 2010. кога се сели на www.maknba.net, нашиот сегашен дом…
Автори: Shepard & Karakash
Контакт: maknba@gmail.com

