BALL FIGHT!
Posted by Karakash Under Видео on Friday Jan 27, 2012
Заборавиле само фурни леб да додадат (иако реално Леброн е фрик и еден од најкомплетните играчи кои некогаш заиграле кошарка) …
Одамна не сме го испоштувале Тимчо Роботчо на МакНБА. Веројатно зошто самиот не ни дал некоја причина во својот залез на кариерата кој веќе трае две и кусур сезони. Со цел тоа да се смени, еве го Тимчо како погодува крајно чуден полу-хорог од слободни за победа во Њу Орлеанс.
ПС: Е сега, биле чекори. Кога не му ги судат никогаш на Леброн, може еднаш и на Тимчо да не му ги свират.
Колку за компензација на видеото од пред некој post, сега имаме случај на 4-ца (еден „мањак“) играчи во игра, во режија на J Rich. Целава ситуација ќе беше комична доколку Boston губеа убедливо и во тимот на Orlando си одлучија да извадат еден играч за да бидат порамноправни.
Арно ама на теренот се случуваше токму спротивното, така што на Orlando само уште ова му требаше – да му бегаат играчи од терен. Освен ако Richardon не помислил дека со својата игра му направил штета на својот тим, па одлучил да им ги скрати маките на своите соиграчи.
Епилог: Најмал број поени и најмал број играчи на Orlando Magic на една утакмица
Видеото од тројкава на Кевин го постирав кога се случи, но не и фотката. Причина, покрај поените за победа, е самиот Лав, кој сезонава има просек од 24.1 поени и 14.1 скокови и кој, барем за мене, е најдобра „четворка“ во НБА оваа сезона. Има повеќе попознати аци од него кои играат на таа позиција, но никој нема такви бројки и такво влијание на играта на својот тим како Кевин. Башка, Вулфси конечно мрднаа маку нагоре и дава плод граењето на тимот околу Лав.
Нормално, не е само тој заслужен за напредокот на Минесота, но без него тоа не би било можно. Човекот со цел да ја подобри својата игра и симна некое килце во текот на летото, а тоа се одразува и врз неговата тројка. Уште да го поправи процентот на реализација, како за два, така и за три (кои треба поретко да ги шутира), и ќе биде навистина страшен. Не дека сега не е, но така ќе влезе во конкуренција за еден од надобрите играчи во НБА.
Можеби сега не ми текнува на некој друг белец (не го заборавив Лејтнер), но Лав ми е најдобриот белец роден во САД уште од Џон Стоктон.
Рондо, Ричардсон, Картер, Пол, Џ.Хауард, Кемби, Вејд, Барњани, Хорфорд, С.Кари, Бизли, Роуз, Вилануева, Кид, Магети, Гордон, Хејс, Рендолф, Џинобили … сите овие фаци имаат нешто заедничко. Тоа е дека се повредија после нецели месец дена од новата сезона. Некои од нив, како Ману, Зеко и Хорфорд на подолго време нема да бидат дел од своите екипи, а на листава повредени играчи можат да се додадат уште толку имиња кои не се толку познати, но нивните повреди ги реметат нивните екипи.
За оваа тема сакав да пишам уште по повредата на Хорфорд, кој најверојатно нема да заигра пак до плеј-офот, до кој Хоукси можат да дотуркаат и без него. Не шкртнав ништо, а после гледам на Клиперси не им игра Пол, на Мајами не им игра Вејд, на Хорнетси не им игра Гордон, на Далас Кид, Булси се без Дерик Роуз … итн … Некои се вратија или пак ќе се вратат на терен, но до тогаш, како тргнало, ќе се повреди некој друг.
Сево ова е цена која играчите ја плаќаат од немање нормален тренинг-камп и нормална претсезона. Откако се стави крај на бизарнион локаут, сите екипи набрзина почнаа да составуваат ростери и да се спремаат за новата сезона. Се почна на ура, а згуснатиот распоред никому не му ја олесни работата.
Од сезона во која екипите со најмногу старци требаше да бидат најизложени на повреди, скратенава сезона се претвори во минско поле за сите екипи, без разлика на младо и старо. Нешто што е нормално кога играте седум пати во девет дена, како што се случај со доста екипи. Колку и да си физички подготвен, ризикот некаде нешто да пукне, кога мораат да те товарат со 30-40 минути секоја вечер, е голем. Не се сите фанатици ко Коби па да играат со повреди, мада и него го дели еден незгоден пад на зглобот на десната рака од долга пауза.
Токму поради сево ова, а и поради безвезниот распоред, гледаме чудни работи на табелите во двете конференции. Екипите кои некако ќе успеат да имаат што помалку повреди на најбитните играчи, ќе стигнат далеку. Плеј-офот никој нема да го достигне со свежи нозе, а посебно не екипите полни со ветерани. Токму поради тоа може да не очекуваат големи изненадувања во оваа, саката сезона. Слични на оние од претходната скратена пред 13 години – најсакатата сезона во историјата на НБА.